Комората на медијатори со свои претставници учествуваше на настанот Македонски квалитет 2019 на националните бренд амбасадори

Комората на медијатори со свои претставници учествуваше на настанот Македонски квалитет 2019 на националните бренд амбасадори,  во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Престижното признание за компаниите кои придонесуваат за развој на економијата и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата  и интернационално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата.

Признанијата ги доделија претседателот на РС Македонија г. Стево Пендаровски, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.
 

Галерија